СЕСТРАТА НА ТИЈАНА ГО РАСПЛАКА РЕГИОНОТ: Се молам за Тијана, срцето ми кажува дека е жива и…

Поминаа 10 дена откако полицијата, Интерпол, Жандармеријата, интензивно трагаат по исчезнатата Тијана Јуриќ (15) од Суботица, на која на 26 јули и се изгуби секаква трага. По Татјана трага цела Европа. Нејзината фотографија на социјалните мрежи го обиколи целиот свет.Другарите и другарките на Тијана му упатија писмо на Томислав Николиќ, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Србија и министерот за внатрешни работи Небиша Стефановиќ со молба да направат се што можат за да се продолжи и да не се престане потрагата по Тијана.
Нејзината постара сестра Сашка времето го поминува со надеж дека Тијана што поскоро ќе се врати. Во главно е опкружена со нивните заеднички пријатели, кои се покажаа како „пријатели за цел живот“.
– Кога ќе падне ноќ, полека ме фаќа паника, бидејќи сфаќам дека ќе останам сама. А јас тоа не го сакам. Никогаш не сум била сама. Тијана секогаш беше покрај мене. Знаев дека ќе дојде и дека ќе бидеме заедно. Таа ми е сестра и неможам да замислам ниту еден ден без неа. А поминаа веќе 10 дена откако ја нема. Предолго. Срцето ми вели дека е жива, – раскажува Сашка.

 
Тијана е како што кажува нејзината сестра, нежна и кревка. Таа е дете со ангелски лик и глас на славеј. Секој можеше да и се довери и да биде сигурен дека никој нема да дознае за тоа. Иако двете се талентирани музички, Сашка никогаш не сакала да се остварува во музиката.
– За разлика од мене, што пеам само за своја душа, Тијане пееше секогаш и секаде. Овие денови непрестанато ја пеам песната „Лутка“ од S.A.R.S. бидејќи ме потсетува на мојата сестра. Тијана запиша средно музичко училиште, отсек виолончело и етномузикологија. Донесе многу награди од републички и меѓународни натпревари – вели нејзината сестра.
Најмногу боли, како што вели Сашка,  кога ќе слушне грмотевици, а не знае каде е и со кого Тијана.
– Ми недостига нејзината прегратка. Ми недостига да ми се вовлече во кревет и да се покриеме преку глава кога ќе ги слушнеме грмотевиците. Ве молам вратете ми ја жива и здрава. Таа никогаш на никој не му нанела зло, не кажала ниту еден лош збор. Не го заслужи ова што и се случува. Ниедно дете не заслужува да биде одземено од своето семејство и прегратката од најмилите, во очај кажува Сашка.Другарите и другарките на Тијана му упатија писмо на Томислав Николиќ, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Владат

Пронајдете не на следниве мрежи: