Силно невреме во Србија: Поплава во Вршац, вонредна состојба во Топола…

Србија уште еднаш ја погоди страшно невреме кое предизвика нови проблеми за таа земја. Дождот, кој паѓа повеќе од 10 часа, ја загрозува термоелектраната Костолац, ги поплави улиците на Вршац, а во Топола е прогласена вонредна состојба.Механизацијата во некои места е готово неупотреблива. Невозможна е употребата на патиштата.
Според „Вршац плус“, на подрјачето на Вршац паднале рекордни 160 литри дожд на метар квадратен, а механизацијата е испратена на најзагрозените градски локации.
Началникот на Општинскиот штаб Ѓорѓе Бабиќ, изјави дека веројатно нема да има потреба за понатамошни акции, бидејќи безбедноста на граѓаните се наоѓа на највисоко ниво. Но, тој посочи дека канализациската мрежа е главен проблем со кој итно треба да се соочат луѓето кои што моментално се наоѓаат на терен.
Општината Топола се соочува со огромни штети во комуналната инфраструктура и најави дека деновиве ќе објави подетални информации за штетата која беше предизвикана од обилните врнежи. Слична е ситуацијата и во некои делови од Пожаревац, додека жителите на Трстеник се во состојба на приправност и воведени се дежурства.
Гњилане, Нови Пазар и Ѓаковица се справуваат со надојдените води кои предивикаа вистински проблеми во сообраќајот.
Во Краљево и Врњачка Бања силното невреме предизвика помали пожари, кои се последица од неколкуте удари од гром. Но, пожарникарските служби навреме реагирале.Механизацијата во некои места е готово неупотреблива. Невозможна е употребата на патиштата.
Според „Вршац плус“, на подрјачето

Пронајдете не на следниве мрежи: