Жерновски да упати јавна благодарност а во исто време и изинување до г-дин Самсоненко Го повикувам градоначалникот Жерновски доколку има доблест да излезе на прес и јавно да му се заблагодари на г-динот Сергеј Самсоненко за изградбата на капиталниот проект во општина Центар, бидејќи е единствениот проект за овие 3 години од владеењето на Жерновски со оваа општина. Би сакала да го запрашам дали не се срами кога пред година ипол кога излезе на прес и обвинуваше дека изградбата на Академијата за дечиња е раскрчмување на државниот капитал ? Во минатото кога градежното земјиште се продаваше во затворена просторија во четири очи по багателни цени, како што е примерот со земјиштето за изградба на Рамстор, оваа локација каде сега се изгради овој грандиозен проект за млади фудбалски надежи беше отуѓувањето спроведено по пат на јавно наддавање, каде г-динот Сергеј ја купи оваа градежна парцела нешто повеќе од пола милион евра, од кои 40% завршија во буџетот на општина Центар односно приход од 220.000 евра. Академија по светски стандард во центарот на Скопје, грандиозен проект, прекрасна инстиуција за развој на сите млади фудбалски индивидуи и развој на спортот за здрави спортски навики на младите генерации. Две осветлени фудбалски игралишта, соблекувални по највисоки стандард, предавална за теортска и спортска настава, просторија каде што ќе можат родителите за прв па да ги следат своите дечиња како работат и тренираат во најсовремени услови по свески стандарди кои ги имаат најголемите европски клубови. Додека некој како Жерновски се обидуваше да манипулира со јавноста и да обвинува за раскрчмување на државен капитал, други инвестираат во капитални проекти во општина Центар, со кои може да се гордееме !Го повикувам градоначалникот Жерновски доколку има доблест да излезе на прес и јавно да му се заблагодари на г-динот Сергеј Самсоненко за изградбат
Пронајдете не на следниве мрежи: