S&P 500 оствари благ пораст и достигна ново рекордно ниво

Loading...

 Берзанскиот индекс S&P 500 на Волстрит во понеделникот достигна ново рекордно ниво, пред се благодарејќи на растот на цените на акциите на банките и на Apple.Индексот S&P 500 порасна за 0,19 отсто, на 1.617 поени што претставува негово ново историски највисоко ниво, индексот Nasdaq се зголеми за 0,42 проценти, на 3,392 индексни поени, додека индексот Dow Jones падна за 0,03 отсто, на 14.968 поени.Растот на  S&P 500 и на Nasdaq  се должи на скокот на цената на акцијата на Apple за 2,4 отсто, откако аналитичарите на Barclays ја зголемија целната цена на акцијата на тенолошкиот гигант.Сепак, најголем добитник вчера беше акцијата на MBIA, со скок на цената за 45 отсто, откако компанијата специјализирана за осигурување на обврзници постигна нагодба со Bank of America за судскиот процес кој трае уште од финансиската криза. Bank of America ќе и плати на MBIA 1,6 милијарди евра, што би можело да ја спаси компанијата од ликвидација.Цената на акцијата на Bank of America порасна за над пет отсто, додека индексот на финансискиот сектор зајакна за еден отсто.Берзата беше поттикнати од продолжената низа на подобри од очекуваните резултати од кварталните извештаи на компаниите, иако загриженост предизвикаа показателите кои укажуваат на забавување на кинеската економија и продлабочување на рецесијата во еврозоната.„Се додека продолжуваат низата солидни деловни извештаи на компаниите и додека централните банки во светот ја зголемуваат ликвидноста, берзата ќе биде стабилна, барем краткорочно“, вели Мајкл Џејмс, директор во компанијата Wedbush Securities.Од почетокот на годината S&P 500 скокна за околу 13,5 отсто, што најмногу се должи на лабавата монетарна политика на најголемите централни банки на светот.И покрај поттикнувачката монетарна политика, најголемите светски економии не се во најдобра форма, па инвеститорите стануваат се повнимателни.На тоа укажува и скромниот обем на тргување. Вчера беа истргувани само 5,3 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во годинава изнесува 6,4 милијарди акции.
Макфакс Берзанскиот индекс S&P 500 на Волстрит во понеделникот достигна ново рекордно ниво, пред се бла

loading...
Loading...