Според датумот на раѓање откријте ја среќата во 2016 година!

Нумерологијата се базира врз идејата дека како бројките, така и буквите имаат важна улога за секој човек, имаат свое значење и енергија, која одредува кои сме и што не’ очекува.Еве како се прави пресметката:
Се собираат броевите на денот и месецот на раѓање со 2016, и тоа на следниот начин. На пример, ако некој е роден на 11 декември и го интересира што ќе биде во 2016 година, пресметката ќе изгледа вака: 1+1+1+2+2+0+1+6 =14. Но, важно е да се добие едноцифрен број, па потоа се собираат броевите од добиениот резултат: 1+4=5. Значи, човекот што е роден на 11 декември, во бројот 5 ќе открие што го очекува во наредната година.
Нумерологот од Велика Британија, Michelle Buchanan открива како од датумот на раѓање да се добие сопствен број ( од 1 до 9), кој открива работи за иднината, т.е. за она што не’ очекува годинава во сите аспекти на животот: љубов, работа, финансии, меѓучовечки односи…
Број 1 – најава за нови почетоци, акции и можности
Ве очекуваат големи промени и ќе ви се отворат нови прилики во животот, па немојте да ги игнорирате. Ќе доживеете налет на нова енергија и нови идеи, но секако дајте си време за добро да ги разработите. Можеби ќе ви бидат потребни и 12 месеци за тие идеи да заживеат. Во оваа година ќе сфатите дека вашите потреби се приоритет. Тука може да се работи за целосна промена на изгледот, губење на тежината или работа на подобрување на сопствената психа. Што и да е тоа, сето тоа ќе зависи само од вас.
Број 2 – година за трпение, меѓучовечки односи, рамнотежа и емоции
Овој број открива дека во 2016 ќе го зацврстите она што веќе го имате во животот и ќе го расветлите она што се’ уште ви е нејасно. Работите ќе се одвиваат многу полека, па би можело да ви се чини дека ништо не се случува. Но тоа нека не ви го расипува расположението, зашто некои работи ќе се одвиваат како што треба, само што тоа нема да биде веднаш видливо. Тука доаѓа до израз трпеливоста, а во прв план ќе биде љубовта, меѓучовечките односи и емоциите. Постојните врски ќе бидат во искушение, или ќе станат поцврсти, додека осамените ги очекува запознавање на некој многу посебен.
Број 3 – многу дружење, доаѓате до израз, комуникации и креативност
Во наредната година работите како да ќе се забрзаат. Ќе „возите“ со полна пареа напред и ќе уживате во плодовите на својот труд. Годината ќе биде преполна со настани, па ќе мора да вложите дополнителен труд, за се’ да организирате и да останете концентрирани на целите. Времето ќе биде идеално за дружење и со старите пријатели, но и со новите. Ќе бидете олабавени и добро ќе се забавувате. Земете годишен одмор, па отпатувајте, уредете ја градината, правете убави јадења, пејте и танцувајте, односно уживајте во она што ве радува.

Број 4 – ред, труд, градење и планирање
За животот да ви биде подобар, ќе мора да се потрудите, да ги организирате сите обврски, рационално да согледате што се’ треба да направите и да ги поставите работите на свое место, зашто само таков пристап води кон едноставно решавање на проблемите. Во идната година доведете се и самите себеси во ред, погрижете се за здравјето, дополнително образувајте се, зашто тоа би можело да има влијание за поголема плата. Потоа земете животно осигурување, поправете се’ што мора низ домот, или решете го делот околу документацијата, која долго ви стои недопрена. Трудот нема да биде залуден. За вас, 2016 година е одлична за поставување цели и движење кон нивно остварување. Тоа би можело да биде цврст темел за иднината.
Број 5 – авантура, напредување, движење, промена
По вложениот труд и работа во оваа година, ве очекува динамична година, преполна со акција, очекувани и неочекувани промени. За некои тоа ќе биде промена на адресата на живеење или на меѓучовечките односи, а за други промена на работата, ставот за нешто, насока во животот или начинот на живот. Ќе има многу можности и прилики за излегување од рутината и нов пораст. Во 2016 година ќе бидете понаклонети кон јадење и пиење, пребрзо возење и секс, но бидете умерени, зашто тоа е клучот на успехот.
Број 6 – љубов, семејство и одговорност
Ќе бидете свртени спрема другите луѓе и нивните потреби. Ќе ги исполнувате своите обврски и на другите ќе им бидете рамо за плачење, и тоа никако не го одбивајте од себе. Би можело да се работи за постари роднини, грижа за постар член на семејството или пријател, чување внук… Но важно е да имате на ум дека сето тоа е привремено. Годината ќе биде одлична и за пронаоѓање вистинска љубов или продлабочување на постојните врски. Кај некои ќе биде нешто поинаку, па би можеле да завршат некои нестабилни врски. Главно, ќе сфатите дали љубовната врска во која се наоѓате е она вистинското, или не.
Број 7 – самокритичност, личен и духовен раст
Во 2015 година бевте насочени кон служење на другите, но во 2016 година, акцентот ќе го ставите на изградбата на самите себе, на себеанализирање, да разберете кои сте, што сакате и зашто сте таму каде што сте. Главното што ќе се случува во претстојните 12 месеци се личниот развој, духовната мудрост и пронаоѓање на одговорот кој долго го барате. Ова време нема да биде погодно за трчање по нови прилики, или освојување на деловниот свет. Вашата способност за истражување и разбирање ќе биде на врвот, па годината е поволна за школување и развивање на постојните вештини, особено оние поврзани за информатика, наука, психологија, инженеринг, како и конвенционално и алтернативно лечење.
Број 8 – манифестација на личната моќ, финансии и кариера
Целата година ќе биде фокусирана на финансиите, работата, кариерата, имотно-правните односи. За некои тоа ќе биде прилика за напредување во кариерата, доаѓање до израз и финансиска добивка, додека други ќе можат да доживеат зголемување на трошоците или финансиска загуба. Со други зборови, ќе ги собирате плодовите на она што сте го посеале во последните осум години. Ако сте биле чесни и вредни, ќе бидете наградени на некој начин, било финансиски, со оддавање на признание, или привлекување на поволни прилики.
Број 9 – трансформација, комплетирање и завршување на нешто
Овој број ја означува последната година во деветгодишниот циклус, а ќе се фокусирате на завршување на нешто и на трансформации, а се’ за да се подготви терен за нови почетоци. Поголемиот дел ќе вклучува пуштање на нешто, или некого од својот живот, зашто тоа веќе не е она што би требало да биде. Тоа може да биде работа, пријателство, љубовен однос, живеалиште, начин на размислување, однесување, или некои работи што едноставно сте ги прераснале. Како и да е, време е за тргнување во нов правец во животот. Во 2016 година, сиот вложен труд ќе ви се врати, па ќе се чувствувате горди. Очекувајте најдобро и ќе добиете најдобро.Еве како се прави пресметката:
Се собираат броевите на денот и месецот на раѓање со 2016, и тоа на следниот начин. На пример, ако некој е р

Пронајдете не на следниве мрежи: