Станала СЕНЗАЦИЈА на Инстаграм, а не ни знаела дека луѓето можат да ги видат нејзините слики!

Од првите 100, Кајла брзо дошла до 1.7 милиони фанови, а нејзината популарност расте и на Фејсбук и Твитер. Она што требало да биде нејзин приватен профил, прераснало во вистинска сензација!
„Не ни размислував за тоа во тоа време. Го користев Инстаграм како блог и знам дека ќе звучи глупаво, но не ни знаев дека луѓето можат да го видат тоа што го објавувам на него“, рекла таа.
Денес на Твитер има 163.000 следбеници, а нејзините фотографии на Фејсбук можат да соберат и до 915.000 лајкови.
Кајла почнала да добива фанови со објавувањето на нејзини фотографии пред и по вежбањето. Била изненадена кога луѓето почнале да ја прашуваат за совет.
„Се трудев да им помогнам и да бидам љубезна кон нив, па направив една книга како збирка за моите тренинзи. Тогаш експлодира сѐ“, раскажа таа.
Постоеле и сомничави луѓе кои сметале дека Кајла не прави сѐ сама.
„Но, тоа бев само јас. Одговарав на илјадници мејлови, плачев и размислував колку е тешко“, откри Кајла.

На крај доби помош – нејзиното момче. Таа ги подготвувала советите, а техничките проблеми ги решавал нејзиниот партнер.
Сега зад себе има тим луѓе и сѐ функционира совршено. Меѓу оние кои ги следат нејзините совети се и манекенката Кендис Свонпул и австралиската пливачка Стефани Рајс.
Кајла се занимава со фитнес од 18-годишна возраст, а колку е добра во советувањето, покажуваат фотографиите нејзините следбеници.
Од првите 100, Кајла брзо дошла до 1.7 милиони фанови, а нејзината популарност расте и на Фејсбук и Твитер. Она што требало да биде нејзин приватен

Пронајдете не на следниве мрежи: