ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО: Немирното девојче кое исчезна се скарало со мајка си, па…

Девојката Катарина Зариќ (16) од Кула, која беше исчезната, полицијата ја пронајде во стан на нејзин другар во центарот на Пожаревац. Малолетничката, според сознанијата до кои е дојдено, сама го напуштила домот на родителите и одбивала да се врати дома, се додека полиијата не ја пронашла.Причината за ваквиот потег на малолетничката никој не сака да ја каже „во интерес на девојчето“, но се претпоставува дека таа си отишла поради расправија со мајка си. Катарина минатата сабота отишла на роденден кај другарка во Костолац, и оттогаш и се губи трага.
Повремено и се јавувала на  мајка си на телефон, велејќи и дека е на продолжена училишна пракса, бидејќи е ученичка за Земјоделско училиште во Пожаравец. Но во средата, престанале и телефонските повици, тогаш мајката го пријавила исчезнувањето.
Полицијата од Пожаравец веднаш реагирала и започнала со потрага. Анализирајќи ги базните станици и броевите од кои малолетничката вртела, набрзо била  лоцирана.
-Утврдено е дека таа самоволно го напуштила домот, и отишла кај другар и другарка во Пожевац каде е пронајдена.
Според неофицијалните информации, Катарина пред да замине на журка во Костолац, се видела со своето момче Горан Ѓ. од Пожаревац.

 
Тие се нашле во Сончевиот парк, пред Центарот за култура во Пожаревац, а потоа Карарина отишла за Костолац околу 18 часот, велат информациите од истрагата.
Откако полицијата ја пронајде Катарина, донесена е во полициска станица за да даде изјава заедно со нејзината мајка. И двете по истрагата со полициско возило се вратени назад во Кула. Освен мајка и брат, Катарина има и татко, но тој само повремено доѓа, бидејќи работи во Романија, каде е роден.
Мајката на Катарина, Снежана, молчи
Иако многу од тамошните локални медиуми ја бараат мајката на малолетното девојче сакајќи  да дознаат што точно се случило со Катарина, мајката на девојчето не одговара на повиците.Причината за ваквиот потег на малолетничката никој не сака да ја каже „во интерес на девојчето“, но се претпоставува дека таа си отишла

Пронајдете не на следниве мрежи: