Тага и лелек во Ќуприја: Погребани малиот Андрија и неговиот чичко!

Многубројните роднини и пријатели на гробиштата во Чуприја, вчера на вечно почивалиште ги испратија осуумесечниот Андрија и неговиот чичко Никола Маринковиќ (24). Тие трагично настрадаа минатиот понеделник во судирот во Македонија, а на погребот не присуствувале родителите на Андрија, Драган и Марија, кои поради нејзината тешка здравствена состојба се уште се наоѓаат во болница во Скопје.Од белите сандаци покриени со цвеќе не се одвојувале бабите на Андрија, мајката на Марија, Душанка, како и другата баба, Дивна, мајка на Драган и несреќниот Никола. Нивните лелеци одекнувале низ гробиштата во Чуприја, а за цело време на таму дежурала и Итната помош, пренесува српски Курир.
-Леле Андрија, бабин ангелу, каде ќе одиш таму, злато бабино! Уште си мал! Каде ќе одиш таму сам, синко мој? Кој ќе те чува таму, па ти сине мој, не знаеш ни сам да ручкаш…Баба секој ден ќе се моли да ме испратат кај тебе, чекај ја баба, синко, не оди! – лелекала Душанка на целиот глас.

Роднините залудно се обидувале да ја одвојат од малиот сандак во кој лежел нејзиниот внук.-Пуштете ме луѓе! Андрија, бабин ангелу, стани сине! Не ја оставај баба сама, води ме со тебе. Се е пусто без тебе, сине! Стани! – продолжувал лелекот на несреќната жена надвисната над белиот мал сандак.
Покрај сандакот на Никола стоела неговата мајка Дивна, скршена од болка.
-Леле сине, не оди, синко мој! – одекнувал низ гробиштата лелекот на мајката, а во тие моменти немало личност која не пуштила солзи поради големата трагедија која го снашла семејството Маринковиќ.
Мајката Марија се уште не знае за смртта на Андрија
Пред да го погребаат малиот Андрија, Душанка ја споменала и ќерката Марија.- Не лути се на мајка ти сине. Таа не знае. Постојано прашува за тебе, анггелу мој. Прашува дали си гладен, дали си пиел млеко. Тетка ти и рекла дека си добро, не лути и се сине! – лелекала Душанка.Од белите сандаци покриени со цвеќе не се одвојувале бабите на Андрија, мајката на Марија, Душанка, како и другата баба, Дивна, мајка на Драган и н

Пронајдете не на следниве мрежи: