Тања Лазаревска и Новица Василевски: Џабе секс без почитување!

Фолк-пејачите Тања Лазаревска и Новица Василевски се во брак веќе 11 години. Тие велат дека и по толку години си се немаат здосадено и дека секогаш има начин да се изненадуваш во бракот.”Сексот е многу важен за успехот на еден брак, но не е пресуден, најважен. Потребни се разбирање, љубов, почитување. Сексот може само да ја разубави љубовта, да и даде поквалитетна нота, ама во никој случај не може да биде најважен сегмент. Што би било ако двајца партнери имаат само добар секс во бракот, а постојано се во кавга? Значи, сепак, за хармонија во бракот, треба нешто повеќе од секс. Ние постојано сме на патување и сме разделени и не може да нe фати монотонија”, велат Тања и Новица.

Тие се согласуваат дека потписот е многу важен, бидејќи на некој начин го зацврстува бракот и е поголема одговорноста кога станува збор за децата.
“Велат дека потписот не е важен, но е важен во некои моменти. Кога, на пример, ќе се скараат двајцата партнери, малку повеќе размислуваат дали ќе да ја надминат кавгата и да останат. За разлика од тоа, ако си само во врска, по некоја поголема кавга, може да си го спакуваш куферчето и да заминеш. Важен е и зашто не можеш со секого да ставиш потпис”, велат тие.
Извор: vest.mk”Сексот е многу важен за успехот на еден брак, но не е пресуден, најважен. Потребни се разбирање, љубов, почитување. Сексот може само да ја разубав

Пронајдете не на следниве мрежи: