Трагедија на фудбалски натпревар во Бразил – Му летна главата на судијата

Се случи трагедија во бразилската држава Маранхао.
Главен судија на еден натпревар на бразилска ниско рангирана лига со нож уби играч, а потоа навивачите му ја отсекоа главата на арбитарот.
Се почнало кога фудбалскиот судија Октавио да Силва Кантахеде Џордано (20) покажал црвен картон на играч на еден од тимовите Џосемиро Сантос Абреу (30), соопшти Бразилската полиција. Играчот потоа го удрил судијата, кој потоа го извадил ножот и го избодел во градите.
Абреу почина на пат до болница, а навивачите потоа тргнале во крвна освета. Потоа до смрт го истепале Џордано, а потоа му ја отсекле главата и ја оставиле на пречката од голот.
Овај неверојатен настан е забележан на мобилен телефон и е пуштен на социјалните мрежи, но снимката набргу беше остранета. Полицијата наведе дека е во потрага за учесниците на овој страшен настан.Се случи трагедија во бразилската држава Маранхао.
Главен судија на еден натпрева

Пронајдете не на следниве мрежи: