ТРИ ФАТАЛНИ ПАРОВИ во Зодијакот: ЛУДО СЕ САКААТ, уште полудо се мразат, а заедно ќе ги преживеат сите бродоломи

Лудо се сакаат, уште полудо не се поднесуваат во одредени фази, се колнат дека на бившиот нема да му го простат ова или она, но невидливите нитни кои ги поврзуваат никогаш не пукаат во целост. Можат тие и еден без друг, но заедно се непобедливи и можат да се борат против целиот свет. Ова се трите љубовни комбинации кои и покрај бројните компликации секогаш остануваат заедно.Девица-Водолија
Во оваа комбинација Водолијата е таа која прва и паѓа во око на Девицата. Таа смислува тактика како да и привлече внимание, бидејќи кај девиците се се планира и пресметува. Oд сите оружја со кои располага најмногу ќе запали духовитоста на Девицата, бидејќи Водолијата секогаш паѓа на богатството на душата а не на авиони и камиони кои и се нудат.
Овој астро спој е прилично необичен , бидејќи се прилично различни по своите погледи на светот, но хемијата која постои помеѓу нив е толку јака па како сето тоа да го брише. На нив не им е потребно премногу време за да се заљубат еден во друг до коска, но најчеста пречка е тоа што Водолијата е бестрашна додека Девицата е таа која проценува каков ризик би имало додека ја послуша Водолијата. Од друга страна Девицата има тенденција да попува, бидејќи мисли дека ја собрала паметта од целиот свет и со својот пасивно-агресивен настап ја убедува Водолијата дека само таа е во право.
Водолијата тоа ќе го толерира во зависност од јачината на емоциите кои ги чувствува кон „паметниот/та“, што Девицата ќе го сфати како сигнал дека успеала во својата намера. Овој пар е во состојба да не бидат во контакт со месеци, дури и со години но често во мислите се враќаат еден крај друг. Но, личностите кои ќе и влезат во животот на Девицата после Водолијата, нема да бидат ниту нејзина бледа сенка. Бидејќи и двата знаци се тврдоглави, прашање е кој од нив двајца прв ќе оствари повторен контакт, но кога повторно ќе се најдат и спојат тоа ќе биде еднаш за секогаш.

 
Стрелец – Риби
Уште еден астро пар кој на прв поглед е спој на неспоивото. Стрелецот е освојувач кој не го интересираат општествените правила туку се однесува сосема неконвенционално, додека Рибата  робува на многу предрасуди и истовремено мечтае за љубов од бајките.
Тој е повеќе чуден и страстен тип на кој му треба време да ги открие сите свои длабоки чувства, но Рибата неодоливо го привлекува поради својата скоро детинеста, романтична претстава за животот. Таа во него гледа потпора и некој кој би можел да ја води низ животот. Него тоа многу ќе му се допадне но со време ќе почне да го гушат нејзините сериозни планови за животот, бидејќи не заборавајте дека тој смета дека може да прави што ќе му се посака и дека може да дојде и да си оди кога ќе посака.
Ако во тој момент Стрелецот запознае некоја личност која повеќе го возбудува и води кон акција од Рибата, тој нема да има проблем тоа да и го каже, бидејќи тој е секогаш сурово искрен. Рибите сепак се пречувствителни и неговиот остар јазик ќе и нанесе големи рани на душата која ќе ги смета за непростливи. Дури и кога нема трета личност, Стрелецот може да западне во таква душевна состојба кога ќе смета дека излезот од таква врска е единствениот спас за него. Ќе ја убедува Рибата дека не е доволно добар за неа или ќе ја набеди дека му прави нешто зад грб со друга личност.
Нивните разделби се повеќе од бурни, не ја чуваат својата интима туку на глас се расправаат пред сите и бараат поддршка од јавноста за нивната одлука. Кога ќе помине ова двајцата се во состојба многу да патат еден по друг но слабо комуницираат.
Како поминува времето, Стрелецот нема потреба да ги покажува своите шармерски способности и да докажува дека му е одлично сам со себе. Рибата иако длабоко повредена се обидува да продолжи со својот живот и влегува во нови површни врски, но длабоко во себе знае дека со соекоја нова личност го бара она чувство кое го имала за Стрелецот. На крајот Стрелецот е тој кој решава да даде шанса на нивната приказна. Рибата како тоа едвај да го чека, бидејќи всушност никогаш не ни кренала раце од него.

 
Лав – Вага
Овој спој е карактеристичен по тоа што ги врзува длабоко пријателство на кое ни едниот ни другиот не забораваат дури и во моменти кога со очи не сакаат да се видат. Лавот е голем освојувач кој смета дека не постои личност која не може да подлегне на неговиот шарм, но кога ќе наиде на Вага ќе сфати дека мора да го промени пристапот.
Затоа кон неа ќе се однесува пред се заштитнички и пријатечски. Ќе му биде потребно повеќе време но ќе успее да го освои срцето на вагата и ќе смета дека тука е крајот, а всушност најинтересното дури тогаш почнува. Бидејќи е тој од експлозивна природа и многу често своеглав, па смета дека се му е дозволено, но Вагата често ќе се најде во улога на неговиот глас на разумот и советодавач тој ќе застане и длабоко ќе воздивне. Иако Вагата е посмирена, о таа ќе има свои епизоди во кои нема да може да се избори со темпераментот на Лавот.
Кога тој ќе почувствува дека Вагата не му е стопостотно посветена и дека постои можност да ја изгуби ќе се обиде да ја купи со скапоцени подароци или исклучително добро осмислени изненадувања. Вагата не е имуна на луксузот кој Лавот и го нуди, но тоа не е доволно Вагата да премине преку неговата театралност која повеќе ја иритира отколку што ја забавува. Иако целите во животот не им се идентични, тие се држат заедно, но нивниот однос почнува да шкрипи кога Лавот ќе забележи дека Вагата флертува со други, колку и тоа да не е така. Исто така доколку не се почувствува сакан и посакуван лесно му е да најде друга личност која ќе го гледа со восхит.
Во текот на нивните расправии Вагата е главниот гооврник, додека тој повеќе молчи отколку што изнесува контра аргументи. Тој знае да се собере и да си оди и на тој начин да и остави повеќе време на Вагата да размисли, а себе си си дава надеж дека не е ставена точка на нивната приказна. Оваа фаза никогаш не е кратка, па двајцата си даваат шанса да се навикнат еден без друг. Дури и не им оди лошо но секогаш има нешто што ќе ги потсети и врати во времето кога меѓу нив било се складно.
Во главно Лавот е тој кој покајанички ветува дека се ќе се смени и во иднина се ќе биде совршено.  Вагата нормално толку добро го познава па не му верува на секој збор но се согласува нивата приказна да се продолжи. Тоа не значи дека во нивниот однос повеќе нема да има турбуленции, но премногу се врзани еден за друг за да можат да замислат засекогаш да останат без својата друга половина.Девица-Водолија
Во оваа комбинација Водолијата е таа која прва и паѓа во око на Девицата. Таа смислува тактика како да и п

Пронајдете не на следниве мрежи: