Тропски горештини ги зафатија Русија и Јапонија

Јапонија и Русија ги зафати бран на тропски горештини, а температурите достигнуваат и до 37 степени. Еден човек почина, а 609 се хоспитализирани во Јапонија, пренесуваат медиумите во таа земја. Смртниот случај бил во јужниот дел на островот Хоншу. Јапонските национални спасувачки служби се во состојба на готовност, а метеоролозите најавуваат зголемување на температурите.
И во Русија овие денови е многу жешко. Московјаните побарале медицинска помош поради топлиот бран кој го зафати главниот град. Во областа Москва прогнозираат невообичаено топло време за крај на јули. Метеоролозите најавуваат дека ќе биде поставен нов рекорд во температурите. Инаку, температурите во Москва се постојано над 20 степени целзиусови, што не е чест случај во Москва.
извор:republika.mkЈапонија и Русија ги зафати бран на тропски горештини, а температурите достигнуваат и до 37 степени. Еден човек п

Пронајдете не на следниве мрежи: