Уапсен полицаецот кој на Фејсбук повикувал на убиство на Андреј Вучиќ

Полицаецот Драгиша Петковиќ кој повикуваше на убиство на Андреј Вучиќ, помладиот брат на српскиот премиер е уапсен, неофицијално дознава српски Курир.Драгиша Петковиќ од полициската станица Крагуевац на веста за тоа дека братот на српскиот премиер Александар Вучиќ, Андреј е претепан заедно со уште тројца луѓе од обезбедувањето, на својот Фејсбук профил искоментирал „Требало да ги убијат, а на да ги претепаат“.

Порталот пишува дека ваквото срамно однесување и ваквите коментари се доказ дека некои припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија не заслужуваат да ја носат униформата и полициската значка, а со тоа да го рушат и имиџот на чесните полициски службеници.
Таквите луѓе кои повикуваат на насилство и ликвидација не треба во никој случај да ги чуваат нашите деца, пишува порталот.
 Драгиша Петковиќ од полициската станица Крагуевац на веста за тоа дека братот на српскиот премиер Александар Вучиќ, Андреј е претепан заедно со ушт

Пронајдете не на следниве мрежи: