УБИЕН ПРЕД ОЧИТЕ НА 4 ГОДИШНОТО СИНЧЕ: Детето раскажало дека пред трагедијата неговиот татко го прашал…

Во саботата навечер околу 21:30 часот на автобуската станица кај „Домот на културата“ во Алексинац убиен e Дејан Ушковиќ (37). Како што дознава српски „Ало“ убиството се случило пред очите на неговиот 4 годишен син, а мотивот на крвавата трагедија бил поранешен долг кај лихвар. 
Меѓутоа, убиениот Усковиќ немал директна врска со лихварите туку настрадал додека се обидувал да го одбрани својот сосед С.Д кој позајмил пари под камата.
Милан Усковиќ, братот на убиениот кажува дека Дејан таа вечер отишол со своето синче и соседот да гледаат турнир во бокс и дека во градот го сретнале Небојша (лихварот). 
Малото детенце му раскажало на својот чичко дека неговиот татко го прашал Небојша зошто му додева на соседот , а тој веднаш извадил пиштол и пукал во него.
Иако побегнал од местото на убиството, полицијата набргу го уапсила Небојша, кој го признал злосторството, а тврдел и дека се бранел тврдејќи дека најпрвин пукал во воздухот. 
Убиениот Усковиќ зад себе оставил сопруга и шест деца.Како што дознава српски „Ало“ убиството се случило пред очите на неговиот 4 годишен син, а мотивот на крвавата трагедија бил поранешен

Пронајдете не на следниве мрежи: