Агенцијата за храна и ветеринарство ја информира јавноста дека 250 илјади дози од вакцината за превенција од болеста Чвореста Кожа кај говедата денеска пристигна во Република Македонија.Дистрибуирањето на вакцината до надлежните ветеринарни друштва, ветеринарните амбуланти и матичните ветеринари е во тек.
Според веќе изготвениот акциски план за превентивна вакцинација Агенцијата за храна и ветеринарство ќе започне со превентивното вакцинирање на сите говеда на територијата на цела Македонија за спречување на ширење на болеста Чвореста Кожа.