Венгер „фрли око“ на Милито

Медиумите во Британија пренесуваат дека Арсенал спрема понуда за ангажман на Диего Милито.
33-годишниот аргентински напаѓач Диего Милито се наоѓа на мета на англискиот премиерлигаш Арсенал.
Тренерот на Арсенал, французинот Арсен Венгер има големо мислење за аргентинскиот интернационалец од редовите на Интер, има голема почит за него. Милито во оваа тековна сезона одигра 18 натпревари за Интер во Серија „А“, постигна 8 погодоци и се наоѓа на првото место на листата на стрелци на овој тим.
Во синоќешната победа над Пескара, популарниот „Ел Принципе“ влезе дури во финишот од мечот.
Милито е член на Интер од 2009 година кога дојде од Џенова. Беше еден од клучните играчи на овој тим кога беше освоена Лигата на Шампионите под водство на Мурињо во 2010 година.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Медиумите во Британија пренесуваат дека Арсенал спрема понуда за ангажман на Диего Милито.

Пронајдете не на следниве мрежи: