ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Пожега е поплавена на ист ден како и пред 49 години!

Имавме среќна околност што во двете касарни во Пожега беше војската, која веднаш реагираше – вели Милован Стојковиќ, секретар на општината во 1965 година.Во четврток, на 13 мај 1965 година, општината на Пожега ја зафати воден бран и излевање на три реки: Скрапежа, Ѓетиња и Западна Морава. Врнеше дожд со времетраење од седум дена!
Точно 49 години подоцна, во четврток, на 15 мај 2014 година, Пожега избегна поплава од пошироки размери, благодарејќи на бедемот кој беше направен од страна на Претпријатието за водостопанство „Морава“ од Чачак, во 1966 година.
Директорот на претпријатието „Морава“, Раде Радовановиќ вели дека бедемот во Пожега е изграден за година дена, со не толку современи средства. Слични проекти сега можат да се завршат многу побрзо со помош на моќни машини и експерти.
„Ние во Чачак точно знаевме дека би можела да дојде Жандармеријата и комплетниот Штаб за вонредни ситуации. Само благодарејќи на нас е одбранет Чачак, затоа што знаевме кои се слабите места и каде треба да се интервенира. Таков беше случајот и за Пожега. Значи, работите треба да се стават на хартија и да се определат приоритетите. За мене е битна заштитата на градот, сообраќајот и граѓаните да имаат струја и вода“, рече директорот на „Морава“ Раде Радовановиќ.
Во четврток, на 13 мај 1965 година, општината на Пожега ја зафати воден бран и излевање на три реки: Скрапежа, Ѓетиња и Западна Морава. Врнеше дожд

Пронајдете не на следниве мрежи: