Викенд хороскоп за 06.06-07.06.2015

Прочитајте што ве очекува овој викенд.Овен
Постои ризик да го истурите гневот врз некој на повисока позиција, особено ако сте го потиснувале незадоволството подолго време. ШБидете внимателни што зборувате – најдете начин да се ослободите од силните емоции и одложете ги важните разговори за друг ден, кога ќе бидете помирни.
Бик
Пробајте се да се релаксирате. Обидете се да не одете до крајности и бидете толерантни. Овој викенд, вашите мисли можат да достигнат до корените на проблемите и да успеете да најдете решение. Проценете ги можностите и слушајте го внатрешниот глас.
Близнаци
Емоциите ќе бидат особено силни во идните денови, затоа внимавајте да не западнете премногу во проблеми и да им контрирате на луѓето. Периодот е идеален да се простите од минатото. Во работата ќе ви биде лесно да ги извршувате задачите.

Рак
Викендов ќе бидете подготвени да драматизирате во љубовните односи. Не обидувајте се да ја контролирате саканта личност, бидејќи дури и да постигнете успех, на долг рок ќе си создадете проблеми.
Лав
Доста е веројатно да влезете во спорови со претпоставените и колегите, па бидете внимателни што зборувате. Ако досега сте премолчувале многу нешта, постои ризик да избувнете и да кажете работи за кои подоцна ќе зажалите. Одвојте повеќе време за одмор и за лесни физички вежби.
Девица
Бидете колку што е можно повеќе искрени во своите чувства – што се однесува до љубовните односи и колку што е можно поспонтани во идеите – што се однесува до работата. Не откажувајте се од идејата да се забавувате со пријателите или посетите некаков интересен настан.

Вага
Разговор со партнерот или со друг близок човек може да отвори стари рани. Ќе треба да одите против минатото и да ги прифатите последиците од своите постапки. Најдете малку време за себе. Приватноста ќе ви помогне во надминувањето на емоциите и при одлуката како да дејствувате.
Скорпија
Викендот е погоден да направите мали промени во вашата околина. Не спроведувајте важни разговори, бидејќи постои ризик да реагирате премногу емоционално ако другата личност во целост не се согласува со вас.
Стрелец
Не дозволувајте вашето однесување да се дефинира од вашиот страв дека може да изгубите нешто или дека нема да имате доволно пари. Обрнете внимание на саканата личност.

Јарец
Овие денови цврсто ќе стоите на кажаното и ќе се држите до тоа во што верувате, но сепак внимавајте да не бидете премногу груби. Ако некој е има различно мислење од вашето, тоа ќе ве налути. Подобро не се обидувајте да го наметнете своето по секоја цена, затоа што ќе се судрите со отпор. Обрнете внимание на својот изглед и бидете отворени кон можностите за нови потфати.
Водолија
Викендов е можно да ве преплават емоциите, без да има некоја конкретна причина за тоа. Оставете ги да поминат и не дозволувајте стравот да ве сопре да направите промена за која веќе долго се подготвувате. Викендот е идеален за креативна активност.
Риби
Какви и емоции да завладеат денес, ќе ви биде полесно да се справите нив ако ги споделите со луѓе кои ве разбираат и со кои имате заеднички ставови. Поканете ги пријателите на гости или организирајте семеен собир – ќе си поминете пријатно и ќе почувствувате дека има на кого да се потпрете.Овен
Постои ризик да го истурите гневот врз некој на повисока позиција, особено ако сте го потиснувале незадоволството под

Пронајдете не на следниве мрежи: