Викенд хороскоп за 14.11 – 15.11.2015

Викенд хороскоп за 14.11 – 15.11.2015ОВЕН
Викендов внимавајте на болести и можности за разболување. Вие вообичаено не слушате никого или поретко тоа го правите, па и овој совет примате го најдобронамерно. Вниманието ќе ви биде насочено кон работата но и управување со материјалните ресурси, парите на други луѓе, било да ви е тоа работен ангажман или приватна ангажираност. Можности за сексуални врски со личност од спротивниот пол од работа или запознаен преку работа.
БИК
Можни некакви добивки на потрошни материјални нешта преку партнерот, односно зголемување на финансиите поради него или во врска со него. Неоспорни се чувствата кон партнерот, иако во суштина малку повеќе поседнички од потребното, ако воопшто има место за такви потреби. Но насоката на интересите кон партнерството може да има и други, негативни насоки во зависност од вашите лични хороскопи.
БЛИЗНАЦИ
Мануелното кај вас може да е изразено и вообичаено сте многу вешти во поправките низ домот, свои или на други ако сте расположени за тоа. Всушност, работоспособноста може да ви е во подем и да не можете да седите ни момент без работа. Можни се здравствени акутни проблеми.

 
РАК
Викендов може да дојдете во доста специфични и деликатни ситуации на некаква тајновитост и конспирации во врска со вашите партнерства, било да се работи за некаква лична тајна конспиративна врска, тајна љубовна врска и слично. Можност за запознавање на личност од спротивниот пол преку роднина, брат, сестра, братучеди или преку комшии што се вели.
ЛАВ
Некакви ограничувања можат да ви се постават во домот, од страна на едниот родител, може да се ограничувања на вашите манифестации или пориви, а потребата да се биде она што сте, може да биде исклучително силна. Можни се остварувања на некакви наследни процеси и активности, на некаква недвижнина или пак некакво вложување во истото во што пријателите ќе ви се најдат со совет или конкретна помош.
ДЕВИЦА
Викендов ќе имате изразити тенденции кон интелектуална работа, напори и креативност, но и можности да ги подобрите односите со блиските, најпрво се мисли на личностите во сродство до прво колено, но и до некакви многу куси патувања со нив или поради нив.

 
ВАГА
Можеби ненадејно и на помалку таинствен начин ќе ви се зголемат приходите, заработката, во смисла се исто правите а пари има нешто повеќе. Но ова не важи за оние кои се во постојани стравови за пари или ситуации во врска со нив. Со партнерот се е под контрола, здравјето одлично.
СКОРПИЈА
Викендов ќе ви биде изразена желбата на некаков начин да си ги искажете или уште повеќе покажете ставовите по одредени доста суптилни прашања, како што е сексот, поддршката од другите, животот-смртта, односите со роднините на партнерот и слични теми, кои ќе бидат предизвикани и од реалности и ситуации во животот.
СТРЕЛЕЦ
Можеби ќе бидете оној вистинскиот кој работи зад сцената, кој ги организира работите и ги поставува во ред пред да бидат достапни на увид на поширокиот круг на луѓе. Значи ова е период на некаква организација, но и професионални ангажмани. Чудни и таинствени случувања со партнерствата и бракот.

 
ЈАРЕЦ
Пријателствата ќе ви бидат многу важни во еден следен период, и ќе ги користите во секоја прилика и можност особено ако се од истите средини како и вас во социјална или интелектуална смисла. Партнерот мисли дека го запоставувате. Посветете му повеќе време.
ВОДОЛИЈА
Ѕвездите не можат да го сторат она што вие не сте го сториле или не сте сакале од икс причини тоа да го сторите. Но внимавајте и на своите чувства кои можете многу лесно да ги врзете со некого кој е на повисока позиција во истото работно опкружување.
РИБИ
Викендов е можно некое кратко патување, не би било лошо на истото да го земете и партнерот. Тоа убаво ќе ви дојде за да ги поправите односите кои во последно време заладија. Здравјето ви е добро, но внимавајте поради можни настинки. ОВЕН
Викендов внимавајте на болести и можности за разболување. Вие вообичаено не слушате никого или поретко тоа го правите

Пронајдете не на следниве мрежи: