Викенд хороскоп за 26.12.-27.12.2015

Викенд хороскоп за 26.12.-27.12.2015 година!Овен
Ќе се чувствувате добро, не само поради празничната атмосфера, туку заради оние работи кои сте ги постигнале во текот на годината на личен и професионален план. Бидете искрени со себе – имаше многу и тие се случија за добро. Прославете ги заслужено – благодарноста привлекува уште повеќе благодети.
Бик
Нема никаква причина да не се чувствувате добро – желбите ќе бидат исполнети. Денот ќе биде исполнет со интересни впечатоци, а може и да добиете јасност на одредена тема на која одговор одамна го барате.
Близнаци
Вниманието ќе биде насочено целосно кон случувањата во домот и кон семејните односи. Некои од вас ќе се чувствуваат особено среќни, бидејќи ќе ги видат резултатите од напорите кои ги вложувале во минатото. Направете сѐ што е потребно за да го одржите мирот дома – така започнете ја новата година.

Рак
Многумина од вас ќе се чувствуваат задоволно од она што го постигнале. Блиските ќе ве израдуваат со добри вести, а можно е и комуникацијата со партнерот/партнерката да биде доста емотивна, а и да ви ја стимулира врската.
Лав
Обидете се викендов да бидете умерени во сѐ што правите и да не претерувате со ништо, посебно со храна и со алкохол. Слушајте ги сигналите на вашето тело и не го преоптоварувајте за да не ви стане лошо. Многумина од вас ќе се чувствуваат сакано во друштво на родителите и другите блиски роднини.
Девица
Викендов ќе бидете во добро расположение, бидејќи ќе го правите она што сакате да го правите. Можно е да дознаете нешто што ентузијастично и ќе ви ги насочи мислите кон иднината. Прекрасен период да одите на гости и да се забавувате.

Вага
Дел од вас кои биле похрабри и вложувале труд во некоја област, ќе уживаат во најдобрите резултати. Ако не се чувствувате задоволно од изминатите денови и недели, размислете дали е време да промените нешто во работата или во личниот живот.
Скорпија
Претстојниот викенд за вас ќе биде исполнет со повеќе емоции. Кои точно ќе бидат тие, зависи најмногу од тоа дали сте опкружени со луѓе кои ве ценат и со кои ви е пријатно. Што и да се случува, обидете се да не ја нарушувате хармонијата и оставете го решавањето на проблемите за друг ден.
Стрелец
Одвојте време не само за да решите разни проблми, но и да го побарате она од што сакате да се ослободите. Моментот е многу погоден да оставите некои свои стравови во минатото и да продолжите напред. На дневен ред може да излезе и некое финансиско прашање.

Јарец
Ако викендов се конфронтирате со кого и да било, или пак да го обвинувате партнерот дека не прави ништо како што сакате, ќе губите време. Ако се фокусирате на себе, ќе видите дека може да се чувствувате добро без оглед на околината.
Водолија
Потребата да ја почувствувате близината на своите најблиски ќе биде поголема. Ако се чувствувате среќно, ќе сакате да ја споделите радоста. Бидете внимателни со потрошувачката на потешка храна и алкохол, бидејќи организмот нема да ги прифати добро.
Риби
Викендов ќе бидете почувствителни и ќе чувствувате силна потреба да добиете уверување дека блиските луѓе ве ценат и ве сакаат. Ако ситуацијата дома е хармонична, во душата ќе владее мир, но ако блиските не ви помогнат, тогаш може да доживеете иритација. Ќе се отвори можност да блеснете со некакви свои вештини.Овен
Ќе се чувствувате добро, не само поради празничната атмосфера, туку заради оние работи кои сте ги постигнале во текот

Пронајдете не на следниве мрежи: