Елисавета Николова од Бугарија, за првпат се сретна со својот дедо, штипскиот војвода Мише Развигоров.74-годишната Савка, чиј семеен корен е длабоко во новоселската почва, првпат со своја нога, згази на земјата која иако никогаш не ја видела – ја знае за своја:
„Првпат доаѓам овде. Многу сум возбудена. Во моментов целата семејна историја ми излегува пред очи.“, рече возбудено Елисавета Николова, внука на Мише Развигоров.
Каменот си тежи на местото, а приказните за славното семејно минато, раскажани од нејзината баба, сопруга на Развигоров, будеа многу емоции , измешани чувства на радост, тага и гордост, зашто да се биде ластер од стеблото на војводата, кој бил исклучително почитуван во Штип, не е мала работа:
„ Баба ми живееше 93 години и постојано ми зборуваше за Штип, за Ново Село, за нешето потекло. Тоа остана врежано длабоко во мене“, кажа внуката на Развигоров.
А штипскиот војвода и учител, го описменувал народот во овчеполието, му всадувал револуционерен дух, но зе борел и за економски просперитет. Успеал да издејствува укинување на таксите за мажачки, зголемување на надоместокот за аргатување кај агите, добивање на повеќе семиња за жетва. За да ги заштити другите, врз себе ја преземе целата вина за т.н. Виничка афера и лежи во зандани.
Убиен е во 1907 година. Според кажувањата, куќата во која бил е запалена, а тој за да не им падне во раце на Турците се убива сам. Илјадници луѓе, плаќее по него, а Кумлакот ечел од зборовите на песната Зајди зајди, пејана од неговите соборци и браќа.
Но ваква почит, Развигоров не добил во средината на педесеттите години кога неговиот гроб, заедно со многу други е срушен, при изградба на пат:
„Тогаш се скрши и плочата од гробот на Развигоров. Штипјани почнаа да викаат „Плочата на Развигора, плочата на Развигора“ и успеаја да ја спасат, но скршена. на тој настан сум очевидец“, истакна Елена Јосимовска, хроничар на Штип.
Денес ниту еден член од семејството на војводата, не живее во Штип. По неговото убиство, сите се пребегани во Бугарија. Освен историјата и сеќавањата на штипјани, за Мише Развигоров, денес сведочат само неговиот гроб во дворот на Свети Спас и спомен собата во Андонската куќа.
74-годишната Савка, чиј семеен корен е длабоко во новоселската почва, првпат со своја нога, згази на земјата која иако никогаш не ја видела –