Општина Гевгелија и оваа година организирано се вклучи во есенската акција ,,Ден на дрвото,, на која меѓу многубројните граѓани,вработените во општинската администрација и гимназијалците,дрвца засадија и заменик министерот за внатрешни работи,Митко Чавков и градоначалникот на Гевгелија,Иван Франгов.–Исклучително добра е оваа иницијатива.Традицијата треба да продолжи и понатаму со цел да го збогатуваме шумскиот фонд со оглед на тоа што со години наназад му е нанасувана штета од пожари,рече Чавков.
Гевгелискиот градоначалник изрази задоволство од големиот одзив на учесниците во националната акција кои ги имаше на возраст од 7 до 77 години.
–Оваа површина од месноста ,,Топлик,, се белите дробови на Гевгелија кои пред три години беа опожарени и изгорени.Акцијата е секогаш успешна во Гевгелија и карактеритична по својата масовност,изјави градоначалникот Иван Франгов.
На површина од 5 хектари на ,,Топлик,, беа засадени 20.000 садници од бор,чемпрес и багрем,а на исто толкава површина уште 20.000 садници беа засадени во општините Богданци и Дојран.–Исклучително добра е оваа иницијатива.Традицијата треба да продолжи и понатаму со цел да го збогатуваме шумскиот фонд со оглед на тоа што со