Во хаосот на „Таксим“ овојпат повредени 13 новинари

Во протестите на истанбулскиот плоштад „Таксим“ во саботата, беа повредени најмалку 13 новинари од страна на полицијата, се вели во соопштението на синдикатот на новинари. 
„Најмалку 13 новинари се повредени од полициски палки, пластични куршуми и солзавец. Над 80 граѓани се притворени. Ние остро го осудуваме полициското насилство кон новинарите, кои ја вршат својата работа и народот, кој го користи правото на мирно изразување на својот став“, се наведува во соопштението.
Голем број од новинарите се принудени за време на митинзите и судирите да носат маски, поради употребата на солзавец од страна на полицијата за растурање на демонстрантите.Во протестите на истанбулскиот плоштад „Таксим“ во саботата, беа повредени најмалку 13 новинари од страна

Пронајдете не на следниве мрежи: