Volkswagen повлекува повеќе од 380.000 автомобили во Кина

Loading...

Германската компанија Volkswagen објави во средата дека ќе повлече 384.181 возила поради проблеми со кутијата на менувачот, откриени минатата недела во една многу гледана телевизиска емисија во Кина.„Во реки случаи електричната дисфункција би можела да предизвика прекин во снабдувањето со струја во автомобилите во движење“, пишува во соопштението на германскиот конструктор, кој истакнува дека управувањето и кочењето не се зафатени со овој проблем.Спорните возила се произведени помеѓу декември 2008 и март 2013 година. Дел од низ, како Audi А3 се увезени, додека Volkswagen Magotan и Passat се составени во Кина, соопшти кинеската управа задолжена за надзор на квалитетот на производите (AQSIQ), која во саботата побара нивно повлекување.AQSIQ објави дека истрагата траела една година, при што е дојдено до заклучок дека роботизираната механичка кутија од типот DSG на германската компанија, која може да се користи рачно без прекин на работењето, може да „предизвика дефект на моторот и потенцијално да биде опасна по безбедноста“.Volkswagen објави дека бесплатно ќе ги замени сите дефектни делови на менувачките кутии.
МакфаксГерманската компанија Volkswagen објави во средата дека ќе повлече 384.181 возила поради проблеми со кутијата на менув

loading...
Loading...