Voyager 1 го напуштил Сончевиот систем?

Loading...

Научниците во светот расправаат за можноста дека американската вселенска сонда Voyager 1 стана првиот уред направен од човекот кој го напуштил Сончевиот систем, објави во средата BBC.Сондата Voyager 1беше лансирана во септември 1977 година и неговата задача е да ги испита оддалечените планети на Сончевиот систем, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Таа задача беше извршена уште во 1989 година, меѓутоа сондата потоа беше насочена подлабоко кон Вселената, некаде во насока кон центарот на нашата галаксија Млечниот пат.Научниците ги проучуваат податоците кои сугерираат дека Voyager 1 го напуштил Сончевиот систем, меѓутоа не се согласни во тоа. Сондата во моментов е некаде на 18 милијарди километри оддалечена од Земјата или на оддалеченост 123 пати поголема од онаа меѓу Земјата и Сонцето. Радипораките од Voyager 1 патуваат до Земјата инаку за неверојатни 16 часови.Американската агенција за вселенски истражувања NASA, којашто управува со мисијата Voyager 1, смета дека сондата сѐ уште е во границите на Сончевиот систем.Бил Вебер, астроном и пензиониран професор од универзитетот во Ново Мексико, вели дека сондата, судејќи според анализите на податоците кои пристигнуваат од вселенското летало, „излегува“ од рабната зона на Сончевиот систем.„За само неколку дена, јачината на радијацијата на хелиосферата, граничната зона на Сончевиот систем, се намалила, а се зголемила јачината на космичките зраци“, вели Вебер.Нагласува, меѓутоа, дека научниците и натаму спорат околу тоа дали сондата го достигнала меѓупланетарниот простор или се наоѓа во еден друг, неодреден меѓупростор, надвор од Сончевиот систем.„Јас би рекол дека Voyager 1 сега е надвор од хелиосферата во една нова област, како и дека сите податоци коишто ги примаме се различни и се многу возбудливи“, додава Бебер.Научниците веруваат дека сондата би можела да испраќа податоци до 2020 или дури до 2025 година која ќе остане без плутониумските извори на енергија, па нејзините предаватели ќе престанат да емитуваат.
МакфаксНаучниците во светот расправаат за можноста дека американската вселенска сонда Voyager 1 стана првиот уред напра

loading...