Вознемирувачки фотографии+Видео: Камион на смртта зави четири семејства во црно

Даниел Доминковиќ (22), Кристијан Фазлија (20), неговата девојка Исидора Демири (19) и роднината Сеад Круези (20) се враќале од свадба кога на Кружниот пат, кај мотелот „Илјада ружи“, настапил ужас. Се сомнева дека возачот на шлеперот заспал и налетал на „реното“ со кое упарвувал Фазлија. Само во еден момент воцрно се завиени четири семејства.Девојката на Даниел, Валентина Михајловиќ (20) е тешко повредена и докторите и понатаму се борат за нејзиниот живот.
До несреќата дошко кога шлеперот со турски регистерски ознаки преминал во спротивната лента и дирекно се судрил со автомобилот „рено клио“ во кој се возеле настраданите. Настраданите се враќале од Барајево, каде Доминковиќ бил кум на свадба.

Четворицата останати патници тргнале со него на веселбата, а до несреќата дошло кога се враќале дома.
„Даниел живее во Германија, а во Белград дојде пред четири дена бидејќи беше кум на свадба. Неутешна сум, го изгубив помалиот син, сега и постариот, ми останаа само ќерката и внуката“, во солзи раскажува мајката на Даниел, Бакурија.

Недалеку од нив, во другиот дел од населбата, живеат семејствата Фазлија и Круези, кои се во сродство. Бројни роднини и пријатели се сибрале во дворовите на куќите каде на семејствата им изразиле сочуство. Плач и лелекање одекниваале во населбата Медаковиќ, а видно вознемирени станарите на околните куќи само одмавнувале со главите.

„Ова е незапамтена трагедија. Сите сме во шок. Веста најтешко ја прими сестрата на Кристијан, која не престанува да плаче. Ве молиме да мате разбирање, уништено ни е семејството“, рекол вчера помладиот брат на Фазлија.
Ожалостеното семејство раскажало дека Кристијан бил во врска со Исидора Демири повеќе од четири години и планирале да се венчаат.

„Оној Турчин не зави сите во црно. За среќа, мајката на Кристијан не го доживеа ова. Почина пред неколку години“, рекол еден од роднините.
„Родителите на Сеад занемеа од болка, а сега отидоа да го идентификуваат синот. Ве молиме, одете си. Загина на својот 20-ти роденден“, изјавиле роднините.
Девојката на Даниел, Валентина Михајловиќ

Пронајдете не на следниве мрежи: