За сè што ви било СРАМ да прашате во врска со сексот: Одговорите се тука…

Во сексот постојат некои прашања кои се толку непријатни што ве фаќа срам кого било да прашате за одговор. Сепак познатиот сексуален терапевт Трејси Кокс одговорила на повеќето непријатни прашања поврзани со сексот.Можам ли да забременам за време на оралниот секс?
Не. Сперматозоидите, навистина, имаат научено да поминуваат низ најчудни патишта, но сè уште не се научиле како да го заобиколат целиот низ на органи што им стои на патот за, конечно, да стигнат до јајце-клетката за ја оплодат.
Ако се разбудил со ерекција, дали тоа значи дека сонувал секс?
Не. Повеќето мажи имаат меѓу четири и пет ерекции во текот на ноќта како резултат на циклусот на спиење. Ерекцијата во текот на ноќта им се случува и на жените само што кај нив физички тоа не се гледа.
Што се случува ако кондомот остане во мене?
Добри вести се дека нема да се загуби или да отиде уште подлабоко. За да го извадите, чучнете и обидете се да го напипате со прст. Ако не можете да го пронајдете, вашиот гинеколог, сигурно, ќе го најде. Можеби, секако, треба да посетите гинеколог со оглед на тоа дека на овој начин сте имале незаштитен сексуален однос.
Дали од премногу секс таму долу ќе бидам уште поширока?
Баш напротив. Вагината е мускул во вашето тело, кој е создаден за да извршува функција. Само со редовен секс мускулите се одржуваат во форма.

 
 
Дали ќе ми се случи нешто доколку голтнам семена течност?
Ништо лошо не може да ви случи со оглед на тоа дека спермата, главно, се состои од вода и слуз. Проблем настанува доколку партнерот е заразен со некоја полова болест. А ова се сите болести што можат да се пренесат на тој начин, тоа е гонореја, кламидија, хепатитис Б и ХИВ. Само со допирање на пенисот со вашите усни може да се доведете во ризик од болести како што се херпес и сифилис.
Понекогаш посакувам да го прашам дали сме почнале затоа што не го чувствувам во себе?
Верувам дека многумина би се согласиле со тоа дека почетокот на пенетрацијата дава најдобро чувство затоа што тогаш имате најсилно чувство.
Вагината има ефект на балон, што значи дека е потесна и помала на влезот, а длабока и поширока внатре. Чувството можете да го засилите со различни пози, кои го подобруваат аголот на влезот, но обидете се додека е тој над вас да ставите перница под карлицата.Можам ли да забременам за време на оралниот секс?
Не. Сперматозоидите, навистина, имаат научено да поминуваат низ најчудни

Пронајдете не на следниве мрежи: