Започна натпреварот за лежење во Црна Гора!

Во црногорското етно село Брезни, денеска почна традиционалниот натпревар во лежење.За титулата најдобар „излежувач“, годинава се пријавија 13 натпреварувачи, од кои половината се од Србија и Хрватска.
Со само едно правило, по никоја цена не смеат да станат или да седнат, пред натпреварувачите се часови лежење, а најдобриот ќе ја земе наградата од 300 евра.
Организаторите се задоволни од меѓународниот карактер на натпреварот, но сметаат дека тешко некој да се најде подобар во лежење од Црногорец.
Минатата година победи Мирко Ѓуровиќ, кој е и овогодишен фаворит, кој лежеше 32 часа.
на овогодинешниот натпревар му претходеше и нова дисциплина, маратон на 50 метри, во кој победник беше оној кој последен стаса на целта. Годинава тоа беше локалниот натпреварувач Борис Круниќ.За титулата најдобар „излежувач“, годинава се пријавија 13 натпреварувачи, од кои половината се од Србија и Хрватска.

Пронајдете не на следниве мрежи: