Примеси на мистерија, моменти на љубопитна еуфорија и епитети на интригантност. „Затоа што те љубам“ од Гијом Мисо е задолжителен трилер во вашата домашна библиотека.Трогателна човечка приказна во која се обединети трите најважни елементи во животот на секој човек: Љубовта на родителите кон децата, што би направиле за некого што го сакаме и неизбежното прашањето за смртта?
Прочитајте ги најубавите цитати од романот кој ќе ве остави без здив… И не заборавајте: „ Таму каде што се љубиме, никогаш не е мрак!“
„Таа направи сè да го задржи, но понекогаш сè не е доволно“.
„Да се страда, да се љуби, да се биде среќен, несреќен: сè се случува внатре, во мистеријата на нашиот мозок.“
„Конор ги виде контрастите во неа. Беше полна со решителност, а истовремено беше на работ од пропаѓањето.“
„Кога се гледаш во огледалото и сакаш да го скршиш, не е огледалото тоа што треба да биде скршено, туку ти си тој кој треба да се промени.“
„Да се сака значи да се внимава на самотијата на другиот, никогаш не исполнувајќи ја, дури и непрепознавајќи ја.“
„Нејзиниот поглед откриваше сè: и страдањето заради неговото заминување и силата на длабоката љубов.“
„Да се сонува невозможен сон, да се носи тагата на заминувањето… Да се гори од можната температура, да се отиде каде што никој не оди.“
„Во животот, работите кои најмногу вредат, немаат цена!“
„Човекот може да биде уништен, но не и победен!“
„Не треба многу да се заштитуваме, така стануваме потполно нечувствителни. Нашето срце се претвора во мраз, стануваме живи мртовци и животот засекогаш ги губи своите вкусови.“
„Со задоволство би ги поделила своите мисли со некој кој би ги разбрал.“
„Сè носиме од детството. Не сме ние тие кои ги зборуваме зборовите. Зборовите се тие кои зборуваат за нас.“
„Веројатно пеколот е таму каде што не постои повеќе надежта.“
„Животот понекогаш нè става во ситуации од кои не можеме да излеземе, а да бе ги погазиме вредностите што ги браниме.“
„Никогаш луѓето не комуницирале толку многу, никогаш толку малку не се слушале едни со други.“
„Најдобрите работи во животот поминуваат бидејќи прво велиме „уште е рано“, а потоа „премногу е доцна“.“
„Кога се плашиш дека ќе ги изгубиш оние кои ги љубиш, тогаш си ранлив. Слаб си: можата да те повредат така што ќе ги повредат твоите најблиски. Не можам себеси да си дозволам да бидам ранлив.“
„Можеби страдањето никогаш не е непотребно, туку отвора пат кон нешто друго. Можеби смислата на сето тоа се крие од нас.“
„Понекогаш работите се случуваат едноставно затоа што им е време.“
„Понекогаш за животниот успех не е потребно многу… средба, одлука, шанса…“
„Што е потребно да се пропушти љубовта: Неколку секунди, колебање, шанса…“
Трогателна човечка приказна во која се обединети трите најважни елементи во животот на секој човек: Љубовта на родителите кон децата, што би направ