ЗЛОСТАВУВАНОТО ДЕВОЈЧЕ КОНЕЧНО ПРОЗБОРЕ: „Почнаа да ме исмејуваат и затоа што немам пари“

Насилството над децата во Босна и Херцеговина претставува сериозен социјален проблем и денес е еден од најчестите кршења на основните права и интереси на децата. Различните облици на насилство оставаат трајни и тешки последици кај децата.Една од ретките жртви на насилство која се одлучи да ја сподели својата приказна е петнаесет годишната Ивана Ш.
Ивана, можеш ли да ни кажеш кога другарките од класот почнаа вербално да те малтретираат и зошто?
Сѐ почна уште од почетокот на средното училиште. Популарните девојчиња веднаш се здружија, а за нас другите за кои сметаа дека никогаш нема да можат да се вклопат во нивното друштво ни измислуваа разни прекари и секојдневно не навредуваа. Имам проблеми со тежината уште од седмо одделение и имам бубулици што им даде повод да ме нарекуваат дебела крава и дебела мешанка затоа што татко ми е Хрват, а мајка ми муслиманка.
Дали го пријави случајот кај класната?
Да, еднаш и потоа стана полошо. Ги оставија другите девојчиња на мир и почнаа да ме задеваат само мене.

Значи тоа беше одмазда?
Да, но работите стануваа сѐ полоши. Почнаа да ме исмејуваат и поради тоа што немам пари колку нив и затоа што носам облека од пазар. Моите родители понекогаш немаат пари да ми дадат за школо, па мајка ми ми прави сендвич. Кога некогаш ќе го видат тоа, ми приоѓаат и почнуват да ми плукаат во сендвичот, се смеат и велат дека само така ќе ослабнам. И наредната година ме очекуваа истите работи. Еднаш, на часот по географија, едната од нив со запалка ми ја запали косата. Кога се заканив дека ќе ги пријавам, едната од нив ми покажа снимка како се пресоблекувам по часот по физичко, велејќи ми дека цел Јутјуб ќе ја види таа дебела и влакнеста крава од снимката.
Дали им кажа на твоите родители?
Овие девојчиња имаат родители кои се финансиски моќни и ми беше страв за последиците.
Ивана веќе трета година по ред оди во истото училиште. Таа призна дека неколку пати и дојде идеја да го напушти училиштето.
Интервјуто е преземено од сајтот Tacno.netЕдна од ретките жртви на насилство која се одлучи да ја сподели својата приказна е петнаесет годишната Ивана Ш.
Ивана, можеш ли да

Пронајдете не на следниве мрежи: