Автобус полн патници излета и се преврте- Тешка несреќа во Црна Гора

При сообраќајка на влезот во Плевља синоќа се превртел автобус и 37 лица се здобиле со повреди.
Несреќата се случила околу 23 часот кога се судриле патничко возило „мерцедес“ и автобус од Никшиќ. Од силниот удар дошло до превртување на автобусот.
Неофицијално, никој од повредените не е во животна опасност, но во болница биле примени лица со тешки телесни повреди и скршеници.


– Автобусот одел од Никшиќ кон Врбас, а по судирот, тој слетал од главниот пат – пишува порталот ПВ Информер.
Во автобусот се возеле околу 40 патници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.