„Алсат“: Маскирани лица го нападнале претседателот на ФФМ Сејдини во скопски ресторан

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, вечерва бил претепан од неколку маскирани напаѓачи во ресторанот во Скопје, објави телевизијата „Алсат“.

Веста за телевизијата ја потврдил и портпаролот на Федерацијата, кој вели дека „напуштајќи го ресторанот по работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“.

Засега нема информации за здравствената состојба на Сејдини.

Пронајдете не на следниве мрежи: