АстраЗенека има голем потенцијал за спречување инфекции- но ефектот од неа продолжува да се следи

Податоците за вакцината на „АстраЗенека“ не покажуваат општо зголемување на случаите на згрутчување, но ефектот од неа ќе продолжи да се следи, соопшти Светската здравствена организација.
„Вакцината против Ковид-19 на ’АстраЗенека’ продолжува да има позитивен профил на ризик, со огромен потенцијал за спречување инфекции и намалување на смртните случаи низ целиот свет“, се вели во соопштението на Светскиот советодавен комитет за безбедност на вакцините.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.