Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел денеска изјави дека безбедноста на Европа ќе биде загрозена доколку рускиот претседател Владимир Путин победи во војната во Украина и оти е погрешно да се разговара со него за примирје.
Борел во авторски текст објавен во францускиот весник „Л’Обс“ и на социјалната мрежа Икс истакнува дека по секоја цена мора да се спречи настанување на свет во кој „моќта е над правото“. Тој, исто така додава дека победата на Путин во Украина ќе ги охрабри другите автократии да ги следат своите империјалистички цели.
- САД не ги исклучуваат територијалните отстапки од Киев за решавање на украинскиот конфликтНа Владимир Зеленски останува да одлучи дали и кога ќе ѝ отстапи територии… Read more: САД не ги исклучуваат територијалните отстапки од Киев за решавање на украинскиот конфликт
- Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУВласта ја оствари својата цел, а тоа е Северна Македонија да ја оддалечи… Read more: Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУ
- Се очекува поевтинување на околу 2.500 производи – од утре на сила Законот за нефер трговски практикиОд утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на… Read more: Се очекува поевтинување на околу 2.500 производи – од утре на сила Законот за нефер трговски практики
- НАПАДИ ВРЗ ЛИБАН: Загина 9-члено семејство во денешното израелско бомбардирање, во текот на оваа недела се убиени околу 700 луѓеДеветчлено семејство загина денеска во израелско бомбардирање во Либан во близина на границата… Read more: НАПАДИ ВРЗ ЛИБАН: Загина 9-члено семејство во денешното израелско бомбардирање, во текот на оваа недела се убиени околу 700 луѓе
- Дневен хороскоп за петок 27 септември! Успехот во животот ја следи Вагата, менувајќи го здравјето на Водолијата!Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас.Еве што може да очекува секој хороскопски… Read more: Дневен хороскоп за петок 27 септември! Успехот во животот ја следи Вагата, менувајќи го здравјето на Водолијата!
– Путин кажува дека сака да стави крај на конфликтот што е можно поскоро, но само под негови услови. Тој веќе во многу наврати покажа дека никогаш не преговара со добра волја и не ги почитува постигнатите договори. А денес, помалку од една година пред американските избори, за кои верува дека би можеле да ги поддржат неговите империјалистички амбиции, кој може сериозно да верува дека Путин бара компромис?, наведува Борел.
Според него Европа била премногу бавна за да одговори на повиците за помош од Украина и дејствувала само кога се појавила заканата Русија да добие предност во војната.
– Ова двоумење чини многу животи. Мораме да ја смениме парадигмата за поддршка на Украина и да направиме сè што е потребно и сè што е потребно за Украина да победи, посочува Борел.
Шефот на европската дипломатија тврди дека помошта мора да вклучува испраќање ракети со долг дострел и други напредни системи за оружје и дека Европа мора да ја зајакне воздушната одбрана на Украина.
– Иако нашите трошоци за одбрана веќе се зголемени за 40 отсто во споредба со историскиот минимум од 2014 година, овој пресврт на трендот сè уште не е доволно брз. Мораме да ги засилиме нашите напори за да победиме во оваа трка со времето со Русија на Путин, напиша Борел.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.