Борисов излезе од притвор: Ова е одвратно, брутално, нè вратија во комунизмот

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов беше пуштен од притвор откако вчера беше приведен поради наводни уцени кои ги направил во период од 2014 до 2019 година.

Борисов беше пречекан на улица од неговите поддржувачи, по што даде кратка изјава за бугарските медиуми.
-Ова е одвратно, брутално, нè вратија во комунизмот. Синоќа вечеравме со децата, кога влегоа униформирани лица и ми ја претресоа куќата, кажа Борисов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.