Босанец ќе оди пеш до гробот на Тоше Проески

Сенад Хаџиќ од Бановиќи кој досега испешачи илјадници километри ќе тргне на нов поход до Крушево, родното место на нашиот популарен пејач, Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа.

Хаџиќ ќе помине повеќе од 600 километри, а за време на патот ќе носи знамиња на Босна и Херцеговина и Македонија.
 
„Се опоравувам од пешачењето до Сараево, а после тоа тргнувам во Македонија. Ќе го посетам гробот на Проески кој ги освои срцата на сите луѓе на нашиот Балкан. Веќе ми се јавија луѓе од Македонија и ми кажаа дека ќе ми организираат топол прием“ вели Хаџиќ, јавува сараевскиот весник „Дневни Аваз“.
 
Познатиот пешак ќе тргне на пат за Македонија, откако веќе пешки стигна до Мека, Вуковар, Требиње и Сараево
Макфакс
Сенад Хаџиќ од Бановиќи кој досега испешачи илјадници километри ќе тргне на нов поход до Круше

Пронајдете не на следниве мрежи: