Доколку немате идеја што да подготвите, тогаш вистинско време е да ги пробате овие солени крофни.
Иако е малку потешко да ги замислиме крофните солени поради тоа што сме навикнати да ги јадеме во блага варијанта, тие можат да бидат совршен појадок или вечера.
Состојки:
- 1 килограм брашно;
- 3 јајца;
- 450 грама фета сирење;
- 200 милилитри масло за јадење;
- 180 милилитри јогурт;
- 100 милилитри млеко;
- 100 милилитри вода;
- 1 ќесичка прашок за печиво;
- 1 лажичка сол;
- 1 лажичка шеќер;
- 1 лажичка сув квасец.
Подготовка:
Во една чинија прво измешајте ги течните состојки, јајцата, јогуртот, маслото за јадење, млекото и водата, а потоа додадете шеќер, сол, прашок за печиво и сирење.
Потоа додадете го брашното и замесете тесто. Оставете го тестото да нарасне, а потоа на работна површина ставете малку брашно и од тестото направете кругови.
Со чаша вадете кругови, ставете го сирењето во нив, а потоа пржете ги крофните од двете страни додека не заруменат.
На здравје!