Брука! Муцунски свитка опавчето – МНР изрази жалење за недоразбирањата при патувањето на косовската претседателка

Од македонското Министерство за надворешни работи велат дека Република Северна Македонија и Република Косово одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, без отворени прашања и со искрен и континуиран дијалог на сите нивоа и во сите области.

„Во наведениот контекст изразувуваме жалење за недоразбирањата кои се случиле во текот на вчерашниот ден, при патувањето на претседателката на Република Косово Н.Е. Вјоса Османи на меѓународниот Аеродром во Скопје.

Напоменуваме дека од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија во врска со вчерашниот настан веќе се побарани информации од сите надлежни институции. Откако ќе биде направена соодветна анализа на прибраните податоци во непосредна соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе бидат преземени сите потребни активности и мерки, а со основна цел во иднина да се избегнат вакви или слични појави и ситуации“, велат од МНР.

Пронајдете не на следниве мрежи: