Бугарите за влакно ќе се степаа во Собранието поради Бојко Борисов (ВИДЕО)

По синоќешното приведување и 24 часовно сослушување на Бојко Борисов, станува се потензична ситуацијата. Имено, денес се најавија протести за негово ослободување, а во бугарскиот парламент дел од пратениците беа на раб на тепачка.


Очекувано, синоќешната полициска акција во која беше приведен екс-премиерот Бојко Борисов и уште тројца негови блиски соработници, предизвика големи тензии. До сериозен вербален дуел дојде меѓу пратениците од ГЕРБ и на БСП за време на излагањето од парламентарната говорница на Георги Свиленски, кога тој изјави дека секој од пратеничката група на ГЕРБ е погоден од тоа што се случува.
Неговите зборови дека 12 години се правеле удари врз демократијата и оти било спроведувано насилство како форма на владеење, ги предизвика бившите претставници на власта.
Седницата започна со декларација од коалицијата на ГЕРБ и СДС, што ја прочита Даниел Митов, со која се бара осуда на акцијата во домот на Бојко Борисов.
-Кога лидер на најголемата опозициска партија и довчерашен премиер може да биде предмет на бесзаконие, што останува за другите граѓани, кои не сакаат да ги прифатат празните фалби, континуираните лаги на владата, нарушениот консензус за финансиската и макроекономската стабилност, неуспехот со европското финансирање, далаверите во енергетиката, феудализацијата на институциите и општото чувство дека никој не сноси одговорност за владеењето. Ова е само мал дел од штетите, што ги нанесе владата, без да има јасен план и програма за управување. Страв ми е да помислам што ќе се случеше ако мнозинството имаше кохерентна идеологија и системски приод, изјави Митов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.