Потребни состојки:
– 500 гр пилешки филети
– 5 парчиња млад кромид
– мајчина душица
– 1 јајце
– 2 лажици лебни трошки
– 1 лажица сув зачин од билки
– масло за пржење
Подготовка:
Измелете го пилешкото месо (или побарајте да ви го сомелат во месарницата од каде што обично купувате месо), додадете го сушениот зачин, ситно сечканиот млад кромид, мајчината душица, јајцето и лебните трошки.
Измешајте сè добро и оставете го да отстои околу еден час.
Потоа обликувајте плескавици и пржете ги на масло од секоја страна пет минути.
Послужете ги печените плескавици во бургер лепчиња со свежа салата.
На здравје!