Весна Бејби шокирана од јануариските сметки за струја, еве каква порака упати до ЕВН

Весна Бејби Петрушевска откако пред неколку години и падна автомобилот во Вардар, стана дел од рекламната кампања на ЕВН за плаќање на сметки онлајн, но и таа е згрозена од сметките кои и пристигнаа за струја во јануари и реагираше со видео објава на Фејсбук.
„Слушам се жалите поради сметките за струја. Да ви кажам, мене едната ми е 14.000 денари, другата 18.000 денари. Знаете кога ќе им ги вадам јас сметките друг пат од вода? Кога јас ќе се фрлам во Вардар, па нека ме вадат ЕВН од таму. Стварно се ненормални“ вели Петрушевска.
Шокирана од висината на нејзините сметки, таа вели дека „човек не знае што да прави кога ќе ги види тие сметки“.

„На крај мора да платиш. Рекетари едни“ додава на крајот Петрушевска.
Со оглед на тоа што многу граѓани деновиве реагираа на енормно покачените цени за струја од компанијата ЕВН соопштија дека станува збор за редовно порамнување и тоа што од 1. јануари поскапи струјата за 9,48 проценти, а се укина и дневната ефтина тарифа за струја. Ноќната евтина тарифа и евтината тарифа во недела останаа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.