ВИДЕО | „Крваво небо“ над градот ги исплаши граѓаните: Спомнуваат земјотрес и крај на светот, а еве за што се работи

Необичната појава, снимена над кинеската провинција Жеџијанг, исплаши многу жители, кои сметаат дека тоа е „лош знак“.Фотографиите и видеата од „крвавото небо“ ги преплавија социјалните мрежи, а се направени минатиот четврток, околу 20 часот по локално време.„Изгледа како атомска експлозија“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Пред земјотрес, небото е секогаш црвено“.За потсетување, слични сцени беа снимени на 7 мај 2022 година над областа Путуо и неколку дена подоцна над провинцијата Фужен.Во тие денови мрежите беа преполни со коментари од загрижени граѓани кои веруваа дека „апокалипсата се ближи“, а некои забележаа дека веќе се „трупаат“.Откако снимката од Жеџијанг стана вирална, се огласи локалното метео биро и објасни за што се работи, пренесува The Sun.
🤔Red sky in Zhoushan, China, on the evening of May 7th, 2022!!#RedSky #China pic.twitter.com/gcjPrdr2PN— My thoughts too (MT) (@my_thoughts_too) May 9, 2022
Експертите велат дека феноменот е предизвикан од светлата што ги користат рибарските чамци.Нивните светла се со црвена боја, имаат подолга бранова должина и силна продорна моќ. Кога временските услови се добри, повеќе вода во атмосферата создава аеросоли кои ја прекршуваат и расфрлаат светлината и создаваат црвено небо“, се вели во извештајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: