(Видео) Левица е партија на целиот народ, ги напаѓаме албанските партии, не Албанците

Левица е против криминалните партии кои се кријат зад Албанците, Левица е партија на целиот народ, истакна од Собраниската говорница пратеникот Борислав Крмов.

– “Вие постојано се бавите со Левица и сега низ последните соопштенија имате тврдења за скриена коалиција, додека ние од неофицијални извори дознаваме дека намерно не ставате во контекст на страшило за албанскиот електорат. Никогаш нема никаде да најдете пример каде Левица нападнала обичен граѓанин Албанец бидејќи нашата критика и напади се насочени кон партиите на албанското малцинство во Собранието.

Сепак, ние не успеваме да ве избегнеме и ќе морате да се навикнете на зачестени критики бидејќи вие практично управувате со оваа Влада.” – посочи Крмов.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: