ВИДЕО | Невеста имала венчаница што свети, а потоа ја соблекла: Никој немаше поим што се крие под првиот дел од фустанот

Речиси секоја невеста сака да биде единствена на денот на својата свадба и да ги воодушеви сите гости, но и оние кои не се, со избирање на венчаница. Многумина од нив избираат гломазни венчаници со тони тул, долг вел, дијадема, но едната невеста решила да оди во друга крајност и да облече венчаница која свети.Имено, кога се изгаснале светлата во ресторанот, нејзината венчаница почнала да блеска, односно понепријатно да трепка, а потоа неколку моменти подоцна го соблекла светлечкиот дел и покажала што се крие одоздола!Невестата одоздола облекла бели шорцеви, над кои паѓал тул украсен со цветни мотиви, а судејќи по фотографиите, во овој аутфит останала до крајот на вечерта. View this post on Instagram A post shared by WEDDINGPEACE (@weddingpeace)Иако е очигледно дека овој стајлинг му се допаднал на младите, сепак корисниците на Интернет биле критични.„Што не ќе видам. Прво светлата, па шорцеви. Господе“, „Сите пари на светот се за џабе кога не можеш да купиш вкус“, „Ова е кога навистина сакаш да бидеш посебен, но испаѓаш смешен“, беа само дел од коментарите.

Пронајдете не на следниве мрежи: