ВИДЕО: По 22 години повторно видена рибата која „оди“

Ретка риба која „оди“ и постои само во Австралика е забележана првпат по 22 години кај Тасманија.
Розовата риба последен пат била видена од нуркач во 1999 година, а забележана била само четири пати. Во страв за нејзиниот опстанок, официјалните лица неодамна ја класифицираа како загрозен вид.


Австралиските истражувачи сега велат дека повторно ја нашле рибата, и ја снимиле со подводна камера претходно годинава. Рибата е забележана на длабочина и во отворени води поголема од претходните живеалишта.
Научниците првично мислеле дека рибата е плитководна која живее во заштитени заливи, но сега била пронајдена на длабочина од 150 метри.
Рибата има несразмерно големи „раце“ со кои покрај пливањето, „шета“ по морското дно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.