(Видео) Пријавете лабави жици и жици кои искрат – можат да предизвикаат пожар!

Од страна на земјоделците на повеќе локации низ државата се користат плински уреди кои одвреме навреме испуштаат звук сличен на пукање кои ги плашат птиците, а тие се многу опасни и можат да експлодираат и да предизвикаат пожар, вели во денешната пладневна изјава директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој апелираше или да не се користат ваквите уреди, или да се користат согласно законските прописи и никако да не се оставаат на Сонце.

– Вториот апел е за луѓето кои живеат или повремено ги посетуваат куќите во подалечни напуштени или полунапуштени места, доколку забележат жици кои се спуштени, лабави и искрат итно да пријават во ЕВН за да не дојде до пожар на отворено, вели Ангелов.

Во врска со пожарот во Пласница, Ангелов истакна дека селото не е загрозено од пожарот.

Специфичен пожар од албанска страна кај границата во близина на Преспанското Езеро се движи накај територијата на Македонија, соопшти Ангелов кој истакна дека ќе се бара дозвола од албанските власти уште на самата граница да се интервенира со воздухоплови.

Пронајдете не на следниве мрежи: