(Видео) СЕЛО ГОРИ, БАБА СЕ ЧЕШЛА Овој Американец си најде занимација откако му се поплави куќата

Флорида се најде на удар на еден од најсилните урагани во овој век – ураганот Хелен, кој синоќа ја погоди американската сојузна држава.

Засега не се познати точните последици.

Еден жител на Флорида, кој разговараше со Си-Ен-Ен, изјави дека првично не верувал оти бурата ќе биде сериозна.

– Бурата започна прилично бавно. Живеам блиску до водата и одеднаш нивото на водата почна брзо да расте – рече Хелер во изјавата за Си-Ен-Ен.

Властите ги предупредуваат граѓаните да останат на безбедно и да ги следат официјалните насоки, додека службите подготвуваат акција за утврдување на штетите откако ќе помине бурата.

Од друга страна, пак, има и такви луѓе кои си најдоа забава во сета таа несреќа:

@mattfromhornblasters.com

Hurricane Helen Tampa Florida Matt Heller from Hornblasters.com house flooding

♬ Storm Coming – Once Monsters

Пронајдете не на следниве мрежи: