Францускиот предлог е подобар од Преспанскиот договор, а политиките против Францускиот предлог се антидржавни политики, вели професорот Љубомир Фрчкоски во гостување во подкастот „Политиканти“ со Борјан Јовановски и Сашо Орданоски на Инфомакс.
– Тие го немаат прочитано вториот француски предлог, не гледаат дека тој предлог е најдобр за нас, подобар од Преспанскиот договор. Тој има две точки што не сме можеле да очекуваме дека ќе ги добиеме од Бугарија, едно е македонскиот јазик, чист Македонски јазик и јасно раздвојување на двата народи, Бугарите се малцинство во држава во која постои друг (македонски) народ. Они замислете го блокираат, тоа е крајно неодговорна политика на премиер да ја закопа земјата така, истакна Фрчкоски.