Вајдел најавува излегување на Германија од ЕУ доколку АфД дојде на власт
Претседателката на Алтернатива за Германија ( АфД ), Алиса Вајдел денеска изјави дека, доколку таа партија дојде на власт, ќе се заложи за референдум за членство во Европската унија, по моделот на Брегзит.
- Внимавајте: Измамник собира донации во име на Дијана и си ги присвојуваКон крајот на месец април бев контактирана од наш сограѓанин да му дадам дозвола… Read more: Внимавајте: Измамник собира донации во име на Дијана и си ги присвојува
- Финска: Штабот на НАТО ќе биде во близина на границата со РусијаГлавниот штаб на копнените сили на Северноатлантската алијанса во земјите од Северна Европа ќе… Read more: Финска: Штабот на НАТО ќе биде во близина на границата со Русија
- (Фото) Цело семејство убиени во крвав напад од Израел: Избирале венчаница, но венчавката не се одржа… „Невестата стана маченичка“Во пресрет на венчавката на либанската инженерка Маја Гариб, планирана за следниот месец, возбудени… Read more: (Фото) Цело семејство убиени во крвав напад од Израел: Избирале венчаница, но венчавката не се одржа… „Невестата стана маченичка“
- СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и АлбанијаДенешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту надежно за македонските… Read more: СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија
- Десната рака на Орбан рече Унгарија не би се бранела доколку дојде до руска инвазијаПолитичкиот директор Балаш Орбан во еден поткаст рече дека Унгарија не би ја повторила… Read more: Десната рака на Орбан рече Унгарија не би се бранела доколку дојде до руска инвазија
„Тоа е модел за Германија“, изјави Вајдел за „Фајненшл тајмс“.
Таа додаде дека АфД ќе се обиде да ја реформира Европската унија и да го отстрани нејзиниот „демократски дефицит“, вклучително и ограничување на овластувањата на Европската комисија, за која вели дека претставува „неизбрана извршна власт“.
„Меѓутоа, ако реформите не се можни, ако не успееме да го вратиме суверенитетот на земјите-членки на ЕУ, треба да го оставиме народот да одлучи, исто како што направи Велика Британија. И би можеле да имаме референдум за Дексит – излегување на Германија од ЕУ. – изјави Вајдел.
Германскиот устав поставува строги ограничувања на националните плебисцити, па дури и да се одржат, анкетите покажуваат дека огромното мнозинство Германци би гласале за останување во ЕУ, пишува весникот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.