Голотија во живо на РТС: Додека докторката зборувала за вакцините, медицинската сестра се соблекла пред камерата

Во текот на преносот на Дневникот во живо на српската телевизија РТС, во кој гостувала директорката на болничкиот центар „Бежанијска коса“, Марија Здравковиќ, нејзината колешка не знаејќи дека камерата снима, ја соблекла својата кошула.
Имено, додека докторката зборувала за значењето на вакцинацијата и коронавирусот, зад неа една медицинска сестра ја соблекла својата униформа, без да претпоставува дека камерата ќе ја сними.
Во програмата во живо гледачите имале прилика да го видат бујното деколте на медицинската сестра која очигледно не сфатила дека Србија ја гледа. Видеото со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи, а коментарите започнале да се нижат:
„А јас го зголемувам тонот да слушнам за што зборува…“, „Ваше право да видите сè“, „Убаво се раскомоти“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Погледнете го видеото:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.